Categories
Струга

Стружани со хуманост го одбележаа денот на Црвениот крст

Денес е светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина.Струшката организација го искористи поводот, за да собере пари за децата со интелектуална попреченост од центарот “Порака”.Граѓаните уште еднаш ја покажаа својата хуманост.

Денес општинските организации на Црвениот крст и црвената полумесечина, го одбележуваат светскиот ден 8-ми мај.Струшката организација го искористи овој повод, за да им помогне на децата со интелектуална попреченост, од центарот “Порака”.

“Тие ќе патуваат во Словенија, па затоа организацијата одлучи, парите кои ќе ги собере да бидат наменети за покривање на трошковите,рече Соња Стојкоска-претседат на О.организација Црвен Крст-Струга„

Во текот на оваа недела, општинската организација ќе собира финансиски средства, преку различни активности.
Денес ученици од ОУ.”Јосип Броз Тито”, собираа пари на повеќе фрекфентни места во Струга.Претседателот на Црвениот Крст вели дека граѓаните на Струга се секогаш спремни да помогнат. Хуманоста ја покажуваат при секои активности кои ги организира организацијата.
Во рамки на одбележувањето на светскиот ден на Црвениот крст, организацијата свечено го пушти во употреба клубот за младите волонтери при црвениот крст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *