Стружани летово нема да се соочуваат со водоснабдителини проблеми, велат од Проаква. Во сушниот период, градот и населените места ќе имаат вода за пиење, додаваат од таму.
Лоцирани се местата каде може да дојде до недостаток на вода но неоппходно е да се интервенира на проблематичните периферни места, вели Петар Веруш.
Минатово лето, водоснабдувањето беше отежнато во селата Горно и Долно Татеши, Ливада и Волино.

Правиме напори да се реши овој проблем, вели Петар Веруш-МЈП Проаква-Струга. Се планира да изградиме цевоводи во критичните места, додава тој. За отежнатото водоснабдување, освен потрошувачите кои неконтролирано ја користат водата, виновни за тоа се и надлежните од Проаква, признаваат од таму.
За редовно контролирање на потрошената вода, Проаква има ангажинрано екипа, која врши увид во градот и во уште 23 села.
Во еден момент не може да го контролираме целиот струшки регион, вели Веруш.

Од Проаква велат дека во нередниов период, приоритет ќе им биде контролирање на потрошувачката на вода. Произведуваме повеќе вода, од колку што им треба на потрошувачите, велат од таму.
За да не дојде до криза во водоснабдувањето во Струга, неопходна е ефикасност на надлежните и дисциплина на потрошувачите, додаваат од Проаква.
Од таму веруваат дека Струга летово нема да се соочува со сушен период.Од Проаква тврдат дека ги лоцирале местата каде може да дојде до недостаток на вода. За да не дојде до криза за вода во Струга, неопходна е ефикасност на надлежните и дисциплина на потрошувачите.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: