Categories
Струга

Струга е преплавена со партиски знамиња

Улиците на кои знамиња се поставуваат исклучиво за државни празници, неколку дена се узурпирани со знамињата на ДПА.

Струга е преплавена од партиски знамиња на ДПА. Главните, но и споредните улици на кои се поставуваат знамиња исклучиво само за државни празнице, веќе неколку дена се узурпирани со партиски знамиња. Стружани велат дека им смета тоа што по улиците се веат партиски знамиња.
Партиски знамиња има на секоја бандера и канделабра. Освен на улиците, партиски знамиња се веат и по кејот на реката Црн Дрим. Од локалната самоуправа велат, дека веќе превземаат мерки за да се отстранат знамињата, пред да настанат меѓу партиски инциденти во градот.

Секретарот на општина Струга, Зоран Гулицоски вели дека веќе го информирале ЈП. „Комунално“ да ги отстрани знамињата.

Општина Струга дозволува политичките партии да истакнат пропаганден материјал и тоа на строго одредени места а не по сите улици да се веат партиски знамиња, додава Гулицоски.
Советот на општината донесе одлука со која се утврдува каде партиите можат блсплатно се рекламираат. Во градот, партиите без надоместок можат да плакатираат на позадините на автобуските стојалишта, додека во населените места, на сите задружни домови, сопственост на О.Струга. Гулицоски потенцира дека надлежните постојано ќе набљудуваат, дали политичките партии ќе се придржуваат на правилата.
Организаторите на изборните кампањи кои ќе истакнат плакати во рок од 30 дена, по завршувањето на изборите се задолжени да ги отстранат плакатите и да го исчистат сметот, стои во одлуката на советот на oпштина Струга.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *