Categories
Струга

СДСМ со чист образ ја побара довербата од стружани

Граѓаните се уверија дека ветувањата на Вмро Дпмне, беа лажни, велат од СДСМ.

Од сите градови вклучени во петтата изборна единица, заедно со Струга, ќе ја понесеме победата на коалицијата Сонце. Овој оптимистички став го споделија членовите на струшката СДСМ и носителот на листата на кандидати на петтата изборна единица, Јани Макрадули.

„Убедени сме дека во Струга ќе извојуваме победа, бидејќи граѓаните веќе се уверија во  така наречената успешност на Вмро Дпмне“, истакна кандидатот за пратеник, Александар Попоски.

Тој уште додаде дека Вмро дпмне пред доаѓањето на власт, вети дека ќе ја врати територијалната поделба  на општините.

„За овие две години, вопшто не прозбореа на оваа тема“, вели  Попоски.

Пред две години, стружани избираа помеѓу ветувањето на Вмро Дпмне дека Струга ќе ја вратат во старите граници и помеѓу  заложбите на социјал демократскиот сојуз за процесот на децентрализација. Тие се одлучија за лажните и празни ветувања, затоа ние имаме образ од граѓаните да ја побараме довербата, вели носителот на листата на петтата изборна единица, Јани Макрадули.

„Јас можам гордо да кажам дека децентрализацијата  е најдобар процес во Македонија. Што повеќе ингеренции централната власт и  дава на локлната, толку ќе биде подобро“, вели Макрадули.

Нема ниту една издржана причина поради која граѓаните на Струга би гласале за Вмро дпмне, велат од општинската СДСМ. Ветија преродба на индустриските капацитети, а „ЕМО“ и „Кимико“ ги доведоа до клиничка смрт, обвинува Попоски. Со валдините скапо платени кампањи не убедуваат дека образованието е сила, а вработуваат неквалификувани партиски членови, додава Попоски.  Тој потенцира дека само во јавните институции во Струга, се вработени над 100 лица со несоодветно образобвание.

„За во иднина да не се практикува тоа, и да има подобар живот и поквалитетна иднина треба да го направите вистинскиот избор, а тоа е Коалицијата за Европа“, велат од СДСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *