Categories
Струга

Посетата на психијатар не е повеќе табу тема

За разлика од минатото, сега пациентите на советодавен разговор кај психијатар, одат и без упат од матичен лекар. Посетата на нервен психијатар не е повеќе табу тема. Во последно време граѓаните сакаат да зборуваат со стручно лице за своето ментално здравје.

Граѓаните велат дека добро би било да посетат психијатар еднаш во годината, но проблем биле финансиите.
Порано пациентите не доаѓаа на психијатар, бидејќи тие не сакаат да се соочат со фактот дека постои можност да се психички заболени. Во последно време, состојбата се променува, вели др. Едип Шеји нервен психијатар во ПЗУ Општа болница Струга.

За разлика од минатото, сега пациентите на советодавен разговор кај психијатар, доаѓаат и без упат од матичен лекар, кажува др.Шеји. Го пратат трендот од странските земји, додава тој.

Психијатријата е и како сите други гранки во медицината, опфаќа превентивни лекувања со цел пациентот да
се врати во првобитната состојба, додава Шеји. Граѓаните побрзо би прифатиле дека имаат заболен орган, отколку дека имаат нарушено психичко здравје, додава психијатарот. Тој советува дека секој човек барем еднаш во годината, добро би било да посети психијатар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *