Categories
Струга

Одгледувачите на говеда, овци и кози, отсега ќе имаат право на субвенции

Ресорното министерство ја воведе оваа новина за населените ридско планински места.

Одгледувачите на грла говеда, овци и кози, од сега ќе можат да побараат финансиска подршка во „Aгенцијата за потикнување и развој на земјоделството“ во Струга. Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, воведе субвенции и за сточарите. Граѓаните кои не предаваат млеко во млекарите и досега не можеа да ја остварат финансиската помош од два денари по литар млеко, по воведувањето на новата мерка ќе можат да си го овозможат тоа.

Слаѓана Калајџиеска-Бебекоска од „Агенцијата за потикнување и развој на земјоделството“ од Струга, кажува дека новината се однесува на ридско планинските и пограничните места.
Во нив влегуваат: Вишни, Јабланица, Безево, Боровец и други села.

Од Агенцијата велат дека граѓаните за своите можности ќе бидат информирани лично од вработените во агенцијата, кои ќе држат предавања во селата.

Ресорното министерство финансиска помош по грло овца, нуди илјада денари, а по коза се плаќа петстотини денари. Колкава сума ќе биде платена по грло говедо сеуште не е прецизирано, но се се претпоставува дека сумата би била околу три илјади денари. Крајниот рок за доставување на докуменитите за субвенции на говеда, овци и кози е триесетти Мај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *