Се повеќе се зголемува бројот на малолетни лица кои директно или индиректно се вклучени во предизборната кампања. На митинзите кои ги одржуваат политичките партии, речиси половина од присутните се млади лица, а од нив поголем дел се малолетни, реагира здружението на жени „Езерка“ од Струга.

Драгица Попоска од здружението вели дека недолична е сликата, како родител за рака носи дете по митинзите, и тоа деца со по шест години. Но уште пострашно е што во предизборните кампањи се вклучени млади- средношкоци, додава Попоска.

Македонија како земја потписничка на декларацијата за заштита на детските права, со ваквите случувања од старт ја крши повелбата, вели Попоска. Наша а и задача на другите невладини организации е да ги заштитиме децата од злоупотребата за политички цели, истакна Попоска.

Таа уште деодаде дека куршумот не избира партиска боја, при истрелот жртва може да биде дете. Затоа апелира до сите политички структури да не се злоупотребуваат децата за политички цели.

Од здружението апелираат и до претставниците на политичките партии, во иднина да не ги злоупотребува малолетниците за свои партиски интереси. Попоска критиката за ваквите случувања упати и до Униите на жени, кои според „Езерка“ не се труделе да ги бранат детските права. Од унијата на жени од Вмро Дпмне од Струга велат дека ја подржуваат иницијативата да не се инволвираат децата во предизботните кампањи.

Заедничка е констатацијата дека во политиката можат да се вклучени млади лица, оние кои го исполнуваат критериумот за гласање, а тоа се младите со над 18 години.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: