По вчерашниот прилог на ТВМ за сечење на јасиките до градското пливалиште, денес до нашата тв-куќа пристигна реакција, од здружението на граѓани „Аква“ од Струга. Меѓу другото во соопштението стои:
„Доколку одлуката за сечење на јасиките била донесена пред 3 години, истата требало да биде спроведена
веднаш. Дрвата досега не направиле штета и не ја загрозиле безбедноста на граѓаните, со тоа се
докажало дека одлуката на советот е застарена и истата треба да се преиспита“, велат од здружението.

Според нив, образложението на директорот на Комунално Ваљон Џила, зошто по 3 години се реализира одлуката, од „Аква“сметаат дека не е основано. Граѓаните можат да видат дека сечењето на дрвата се врши со обична моторна пила, камион со механичка корпа и двајца работници. Затоа сеуште не ни е јасно, зошто на претпријатието му биле потребни 3 години за да ја спроведе акцијата, стои во дописот. Од овие причини од здружението го повикуваат советот на општина Струга и Јавното претпријатие Комунално, да го запрат сечењето, да ја преиспита одлуката и да ја стават на јавен увид, со цел да се каже стручно мислење за сечењето на дрвата.

Од здружението на граѓани „Аква“ апелираат до наделжните, во иднина да посветат поголемо внимание за донесување и спроведување на ваквите одуки, бидејќи само на тој начин ќе покажат дека работат во интерес на граѓаните, стои во рекацијата.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: