Categories
Струга

Жените да бидат позастапени на водечките позиции

Унијата на жени од Вмро Дпмне од Струга, ќе прави напори, жената да биде позастапена на водечките позиции.

Наша задача е да се залагаме за повеќе вработувања на припадничките од женскиот пол, велат кандидатките за пратенички од Вмро Дпмне.

Струшките жени  се минимално застапени на  функции. Многу малку ги има на водечки позиции  во  градот но и на државно  ниво.
Токму поради тоа, унијата на жени на Вмро Дпмне од Струга, има за цел да ја  смени моменталната состојба и да се големи бројот на застапеност на жените на водечки функции, вели Надица Николоска-кандидат за пратеник-Вмро Дпмне Струга.

Жените заслужуваат еднакви права со мажите. Ќе се избориме во иднина работите кои досега биле само во раце на мажите, да ни бидат отстапени нам, вели кандидатот за пратеник од Врмо Дпмне, Лилјана Затуроска.
Таа додаде дека нивна задача е  да ги подобрат условите  каде работи жената и да се потрудат   да се зголеми  бројот на вработувања.

Со тоа што ние сме избрани за кандидати за пратеници  од женскиот пол, дава надеж дека во иднина тоа ќе биде пракса.  На средбата која ја организира Унијата на жени од Вмро Дпмне, им ветија дека припадничките од по нежниот пол,  дека штом бидат во пратеничките столчиња, цврсто ќе ги бранат интересите на жените.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *