Categories
Струга

ДУИ на граѓаните им нуди економска стабилност, која ќе послужи како патоказ кон Европските интеграци

Од партијата отценуваат дека предизборната трка ќе помине без инциденти.

 

ДУИ сериозноста на партијата ќе ја рефлектира и врз граѓаните на Струга, велат од општинскиот штаб од Струга. Програмата со која ќе настапи оваа партија на престојните парламентарни избори на граѓаните им нуди нова алтернатива, за подобра иднина.

Ваит Ајро портпаролот на општински штаб на ДУИ од Струга, кажува дека оваа партија нуди економска стабилност на државата, а тоа е патоказ за Европските интеграции.

Програмата со која се претставува ДУИ на престојните парламентарни избори нема да биде само ветување туку реалност, која со доаѓањето на власт ќе биде реализирана, велат од штабот. Од таму очекуваат предизборната кампања да помине без инциденти и истиот ефект да се рефлектира и врз претстојните избори.

Досега имаме коректен однос со сите членови на политички партии во Струга, од тука произлегува заклучокот дека ќе имаме подобри избори од претходните, вели Ајро.

„Во иднина ние како сериозна политичка партија ќе настојуваме и ќе вложиме напори, изборите да бидат фер и демократски и да поминат без инциденти“, додава тој.

Од партијата ги повикуваат граѓаните, масовно да излезат на гласање и да го дадат својот глас и пред се да се придржуваат на законските одредби.

 

„Само на тој начин ќе докажеме дека во државава можат да се одржат чесни избори, а со тоа ќе поненцираме дека сме спремни да се им се приклучиме на земјите од Европската Унија“, вели Ајро.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *