Categories
Струга

Драгица Добреска седна во директорската фотеља на “Нико Нестор”

На местото од Мирјана Докоска директорската фукција ја презеде професорката по македонски јазик.

 

Драгица Добреска е новиот в.д. директор на средното стручно училиште “Нико Нестор”.Од 6
професори,таа е избрана како личност која знае како повторно да ги зближи учениците, велат од општина Струга. Таа е единствена професорка по македонски јазик, која ги освои
симпатиите, не само од албанците туку и од сите ученици, додава таму.

Драгица Добреска е новата директорка, на средното стручно училиште “Нико Нестор”. Ново
назначената директорка, во училиштето предаваше по македонски јазик и е со работен стаж од
30 тина години.

Локалната самоуправа анкетирала 6 потенцијални кандидати, професори во Нико Нестор, кои би
седнале на директорската фотеља, но од нив заинтересирани биле само тројца.
Добреска е избрана, како личност која има најголемо работно искуство и е најсоодветна за
вршење на директорската должност, образложуваат од локлната самоуправа.

 Од поединечните разговори, отценивме дека Драгица Добреска може да ги олади страстите
помеѓу учениците и воедно повторно да ги зближи, вели Џејми Хајредини раководител на
одделението за образовани при о.Струга. Таа е единствена професорка по македонски јазик,
која ги освои симпатиите од учениците албанци и е најдобро прифатена од сите ученици, додава
Хајредини. Добреска има одлична комуникација со наставниот кадар од двете училишта и сигурни
сме дека во иднина ќе успее да ги зближи “Нико Нестор” и “Ибраим Темо”, вели раководителот.

Драгица Добреска вршител на должност во училиштето ќе биде 6 месеци, па потоа општината ќе
објави конкурс за директор на “Нико Нестор”, кажуваат од локaлната самоуправа.
Назначувањето на нов директор на училиштето, произлезе откако пред една недела Мирјана
Докоска даде оставка, поради директорското место во 5-тата приватна Гимназија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *