Categories
Струга

Десетина јасики ги снема од струшкото крајбрежје

Јп.Комунално, ја реализира одлуката на Советот на општината, донесена пред 3 години.
Јп.Комунално, ја реализира одлуката на Советот на општината, донесена пред 3 години. Од редовите на 30-тината дрва до пливалиштето, веднаш до женска плажа, вчера ЈП.Комунално од Струга исече половина од нив. Првиот човек на претпријатието, вели дека тој само ја реализира одлуката која ја донесе советот на општина Струга пред 3 години.

На прашањето, зошто баш сега се сечат дрвата, директорот Ваљон Џила рече дека во моментов
претпријатието има обезбедено механизација за сечење на дрвата, кои се ризични за граѓаните.

Џила потенцира дека за сечењето на јасиките, се консултирале со стручни лица и дека заедничка била
констатацијата дека неопходно е навреме да се реализира акцијата. На нивното место предвидено е да се
засадат борчиња, како што тоа го практикувавме до сега, вели директорот.

Во текот на оваа недела, ќе се исечат и останатите јасики на истиот потег, а такви акции ќе се реализираат и во други делови од градот. Директорот Џила вели дека граѓаните не треба да креваат паника, бидејќи секој потег на претпријатието претходно бил одобрен од надлежните. Сме имале случаи каде граѓаните бараат да се пресечат дрва, но ние без одлука на совет и одобрение од надлежните од одделението за урбанизам, не сме го направиле тоа, вели Ваљон Џила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *