Categories
Струга

Во Струга се намалува земјиштето за производство на храна

Плодното земјоделско земјиште во Струга безмилосно се претвара во градежно.

Плодното земјоделско земјиште во струшкиот регион, безмилосно се претвара во градежно. Во денешно време кога на пазарот има се помалку квалитетна храна и истата се продава по доста високи цени, незамисливо и недозволиво е уништување на земјоделското земјиште, велат од агенцијата за развој на Земјоделството од Струга.

Постојат примери каде земјоделското земјиште се претвара во градежно,
каде по ископувањата и другите градежни зафати се нарушува плодноста, вели Калајџиеска.
Со тоа плодниот слој на почвата е засекогаш загубен, колку и да се превземаат мерки, неможе да се врати во првобитна состојба додаваат од агенцијата за развој на земјоделството. Тие велат дека земјоделското земјиште се претвара во градежно, пред се поради неедуцираноста на граѓаните, за значењето на плодната површина.
Сепак наша цел е во иднина да се зачува плодната обработлива површина, вели Калајџиеска.
„Да не дозволиме да се деградира и уништи плодното земјиште туку напротив, треба да ги превземеме мерки кои ни се нудат, за да зачуваме и развиеме земјиштето,истакна Калајџиека„
Бидејќи нашата агенција е за потикнување и развој на земјоделството, токму тоа е и нашата цел. Ќе даваме совети и ќе апелираме до граѓаните да избегнуваат земјоделското земјиште да претворат во градежно, додава таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *