Categories
Струга

Во Струга се враќаат холандските гости

Со зурли, тапани и ѓомлезе, стружани ги пречекаа гостите од Холандија. По изминати 20 години, конечно се реализира првиот чартер лет на релација Амстердам – Охрид.

Со зурли, тапани и ѓомлезе, стружани ги пречекаа гостите од Холандија. По изминати 20 години, конечно се реализира првиот чартер лет на релација Амстердам – Охрид. Туристичките работници тријат раце- оваа сезона ќе биде поуспешна од претходната. По дваесетина години, гостите од Холандија се вратија во Струга. На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, се реализира првиот чартер лет од Холандија. Со него проистигнаа 70 тина туристи.

Туристите пред хотел Дрим беа свечено пречекани со зурли и тапани и традиционални македонски јадења. Гостите од Холандија заслужуваат ваков дочек, велат од хотел Дрим.

Во групи од по 70-тина туристи, холанѓаните во Струга ќе доаѓаат секоја недела. За средината на јуни, најавен е и чартер лет со гости од Израел. Туристичката сезона нема да помине ниту без традиционалните посетители од Норвешка.
Доаѓањето на овие гости е резултат на долгогодишната тимска соработка помеѓу странските и домашните туроператори и напорната работа на хотел Дрим.
Туристичките работници оценуваат дека оваа туристичка сезона ќе биде многу поуспешна од претходната.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *