Categories
Струга

Вмро Дпмне од Струга на граѓаните им ветува блескава иднина

Струшкиот огранок на „Вмро-Дпмне“ официјално ја започна предизборната кампања. Како изминатиот период така и овој, вниманието ќе ни биде сконцентрирано на случувањата во градот кои се на штета на граѓаните, вели Крсте Миладинов претседател на огранокот на „Вмро Дпмне“-Струга.

Миладинов рече дека во иднина приоритет ќе им биде економскиот развој односно туризмот, земјоделството, сточарството и се друго што е поврзано со секојдневното живеење на граѓаните на Струга.

Минатите парламентарни избори извоивме победа, но не ја почувствувавме. Во истиот момент од граѓаните добивме само поголема обврска, за да го спречиме незаконското работење на локалците и да ја подобриме ситуацијата во која се наоѓаше Струга, вели Миладинов.
Од партијата очекуваат сигурна победа и фер демократски избори.

„Минатите парламентарни избори кутиите минимално се полнеа нелегални ливчиња, па затоа очекуваме следниве избори да бидат фер и демократски, истана Миладнов„

На денешната прес конференција претседателот ги претстави кандидатите за пратеници, од струшкиот огранок.За пратеничкото место ќе се борат Лилјана Затуроска и Надица Николоска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *