Categories
Струга

Вмро-Дпмне од Струга ги претстави своите кандидати за пратеници

Лилјана Затуроска и Надица Николоска од редовите на струшката Вмро Дпмне, се кандидати за пратеници. Граѓаните би ја дале својата добверба за нас, бидејќи имаме визија, како да се бориме за нивните интереси, велат кандидатките. Денес е нивното официјално претставување.

 

Лилјана Затуроска и Надица Николоска од редовите на струшката Вмро Дпмне, ќе се борат за пратеничко место. Двете каднидатки за пратенички се активни членови во партијата, околу 10 тина години. Затуроска на листата е 12 та по ред, додека Николоска е за 3 места подолу од неа.

И двете се оптимисти дека ќе седнат на пратеничките места, бидејќи веќе имаат визија, како да работат во интерес на граѓаните.Лилјана Затуроска-кандидатот за пратеник, вели дека цврсто ќе ги застапува интересите на граѓаните, заедно со тимот кој стои зад неа.Вмро Дпмне додека беше на власт, направи многу за граѓаните од Струга, велат од огранокот.Оваа партија во изминатиов период, успеа да го спречи донесувањето на многу штетни одлуки, кои сакаше да ги реализира Дуи заедно со СДСМ, велат од огранокот.Од таму ја потенцираа изградбата на спомен обележјето на Нури Мазари, која по иницијатива на Вмро Дпмне се спречи. „Локалците сакаа да ги продадат плажите, го узурпираа паркот на поезијата и среде струшко поле направила депонија, вели Затуроска. Сетоа тоа на штета на граѓаните, додава таа.

И двете кандидатни за пратенички веруваат дека има цврсти причини, поради кои граѓаните би ја дале својата доверба за Вмро Дпмне.Ветуваат блескава иднина за стружани, без разлика на националност припадност и партиската определеност.
Денес официјално во Струга се претставија двете кандидатки за пратеници, во 5-тата изборна единица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *