Categories
Спорт

Затворени 29. Олимписки игри во Пекинг

На олимпискиот стадион „Птичје гнездо“ во Пекинг, пред околу 91 илјада гледачи, свечено се затворени 29. Летни олимписки игри.

На олимпискиот стадион „Птичје гнездо“ во Пекинг, пред околу 91 илјада гледачи, свечено се затворени 29. Летни олимписки игри.

На затворањето симболично почнa „одбројувањето“ до игрите во Лондон во 2012 година. Главна ѕвезда на церемонијата беше фудбалската ѕвезда Дејвид Бекам, кој на стадионот „Птичјо гнездо“ пристигна качен на покривот на традиционалниот лондонски автобус „dabldeker“.
Играчот на „Галакси“ од Лос Анџелес симболично шутна топка кон публиката.
Церемонијалното затворање на 29. Олимписки игри во Пекинг беше збогатено и со настап на светски познатиот оперски пејач, тенорот Пласидо Доминго, во дует со кинеската сопранистка Сонг Зујинг. Во програмата учествуваше и познатиот гитарист и член на групата „Лед Цепелин“, Џими Пејџ и младата пејачка Леона Луис.

На овие Олимписки игри, кои траеа 16 дена, земјата домаќин Кина првпат во 112-годишната историја на оваа најголема светска спортска манифестација го зазеде првото место по бројот на освоените златни медали (51) и со тоа ги постави на второто место американските спортисти, кои освоија вкупно 46 златни одликувања.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *