Categories
Спорт

Ѕвездата на „Манчестер Јунајтед“ Вес Браун се враќа дома поради смртта на неговата бремена сестра

Браун ја донесе одлуката и го прекина престојот во Јужна Африка, после краток разговор со Сер Алекс Фергусон.

Браун ја донесе одлуката и го прекина престојот во Јужна Африка, полсе кус разговор со Сер Алекс Фергусон. Тој учествуваше во победата над пиратите од Орландо во рамките на Водаком челинџ купот, но нема да присуствува на финалниот натпревар.

Сер Алекс фергусон изјави дека Вес сакал да игра, но дека поради тежината на фамилијарните обврски морал да се врати во Англија. За Фергусон не било лесно да го посоветува младиот одбранбен играч каква одлука да донесе и едноставно му рекол дека тоа е одлука која мора сам да ја донесе.

Манчестер Јунајтед ја осигура победата благодарение на голот на Ли Мартин, кој беше позајмен од Шефилд, минатата сезона.
 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *