И ватерполистите на квалификации за ЛОИ во Лондон

Македонската ватерполо репрезентација потврди дека ќе учествува на квалификацискиот турнир во Едмонтон, Канада, за место на Олимписките игри, откако доби покана по откажувањето на селекцијата на Нов Зеланд.

 |   | 
vaterpolo mk
vaterpolo mk

vaterpolo mkМакедонската ватерполо репрезентација потврди дека ќе учествува на квалификацискиот турнир во Едмонтон, Канада, за место на Олимписките игри, откако доби покана по откажувањето на селекцијата на Нов Зеланд. Со ова тие се трета македонска селекција, по кошаркарите и ракометарите, кои ќе се борат за учество на претстојната Олимпијада во Лондон.
На квалификацискиот олимписки турнир ќе настапат 12 селекции, а виза за Лондон обезбедуваат најдобрите четири. Турнирот ќе се одржи од 1. до 8. април, а жрепката на групите е закажана за 19 февруари во Лондон. Македонските ватерполисти ќе бидат рангирани во шестиот шешир.
Пласман на квалификацискиот турнир во Едмонтон од ЕП во Ајндховен обезбедија селекциите на Црна Гора, Германија, Грција, Шпанија, Романија и Холандија, а покрај домаќинот Канада, ќе учествуваат и Бразил и Куба од Панамериканските игри, како и Кина и Јапонија од Азиските игри.
Директен пласман на ЛОИ во Лондон покрај домаќинот Велика Британија имаат обезбедено: Србија, Италија, Хрватска Унгарија, САД, Казахстан и Австралија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top