Ван дер Сар не се вараќа во репрезентацијата на Холандија

Голманот на Манчестер Јунајтед Едвин Ван дер Сар ја отфрли молбата на селекторот Берт Ван Марвик да се врати на голот на репрезентацијата на Холандија.

 |  Крсте Голабовски  | 
Van der Sar
Ван дер Сар

Голманот на Манчестер Јунајтед Едвин Ван дер Сар ја отфрли молбата на селекторот Берт Ван Марвик да се врати на голот на репрезентацијата на Холандија.

„Едвин ми соопшти минатата година дека репрезентацијата за него е затворена книга. Знаев каков ќе биде неговиот одговор, но, мое беше да се обидам да го вратам“, изјави селекторот Марвик за холандските медиуми.

Van der SarКризата на голманската позиција во Холандија е многу очевидна, откако Мартин Стекеленбург го загуби првотимскиот статус во Ајакс, а Хенк Тимер и Михел Ворм имаат проблеми со повреди.

Холандија на 1 април во Амстердам ја пречекува Македонија во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство 2010 во Јужна Африка.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top