Русинката Јелена Исимбаева по дваесет и четврти пат го сруши светскиот рекорд во скок со стап.

На митингот на Златната лига во Монако, Исинбаева прескокна 5,04 метри што е за еден сантиметар подобро од претходниот рекорд. Следната можност за подобрување на рекордот Исинбаева ќе има на Олимписките игри во Пекинг, каде ке го брани златниот медал освоен во 2004 година, на Олимписките игри во Атина.

Исинбаева во третиот обид на митингот од Гран При серијата во Монако, прескокна еден сантиметар повисоко од нејзиниот скок на 11 Јули на митингот во Рим.

Русинката Јелена Исинбаева, е најдобрата скокачка во историјата на атлетиката како и актуелна светска првенка и олимписка победничка. Исинбаева после рекордниот скок изјави дека е посебно возбудена зошто по прв пат настапи на стадионот „Луј Втори“ од како и официјалено е жителка на Монте Карло.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: