Турнирот во мал фудбал во Враништа, кој започна како комеморативен, а прерасна во традиционален, оваа година ќе се одржи по шеснаесетти пат. На турнирот ќе земат учество околу 35 екипи. Просек кој останува не променет од година во година. Ќе има екипи од Струга и Охрид како и од општините кои гравитираат околу овие два града. Посетеноста во изминатите години покажуваат дека интересот за овој спортски настан е огромен. Целта на турнирот пред се претставува дружењето на младите како и јакнење на нивниот спортски дух.

Чланарината за учество на овој, најголем турнир од ваков вид во охридскo – струшкиот регион, изнесува 3000 денари, средства кои ќе бидат вратени на учесниците преку наградниот фонд, а и за покривање на тековните трошоци. Ќе се игра бод систем, а покрај стандардните награди за трите најдобро пласирани екипи, ќе има награда и за четврто пласираната, како и награда за најдобар стрелец и за најдобар млад играч.

Извлекувањето на учесниците ќе биде вечерва, додека турнирот започнува официјално од утре во 20 часот. Финалето ќе се одржи на 02/06 на верскиот празник Св. Никола, кој е воедно и селска слава во Враништа.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: