Categories
Спорт

Терминатор, Бог, госпел, секоја помош е добредојдена да се дојде до злато

Силни момци, Бог, хип-хоп, госпел, голем број од најголемите светски спортисти, користат чудни стратегии при последните подготовки за најважната борба во животот.

Силни момци, Бог, хип-хоп, госпел, голем број од најголемите светски спортисти, користат чудни стратегии при последните подготовки за најважната борба во животот.

Кога спортистите на Олимписките игри ги мачат духовите на минатите неуспеси и кога на своите плеќи ги носат очекувањата на целата нација, неретко спасот го имаат во сопствените ритуали како инспирација со цел да го разбистрат умот.

„Никогаш не размислувам за својот противник. Размислувам за жестоки момчиња, како на пример Арнолд Шварценегер“, рече кенијскиот боксер Ванџау Билали кој на игрите се натпреварува во категорија до 48 килограми.

Можеби мислит за терминаторот можеби и ќе помогнат во боречките спортови, но во други дисциплини би можеле да се покажат како опасни.

„Мораме да бидеме смирени и мирни. Јас мислам на својата мајка, баба и дедо.“ изјави Анастасија Банова стрелец од Казахстан.

Во време кога свемирските инжињери се ангажираат да ги анализираат пливачките замафи или движењата на рацете на спринтерите, едноставна рутина пред натпреварот може да донесе мир и самодоверба.

„Од секогаш сум сакал нова чиста облека за секој ден кога трчам. Секогаш ден пред натпреаврувањето си ја местев по редослед по кој ќе ја облечам. Тоа беше мој ритуал.“ рече американскиот спринтер Карл Луис, кој мина преку мног само за да дојде до девете олимписки злата.

Секако дека Луис и понатаму ќе беше еден од најголемите американски спортисти и да носеше смрдена,изгужвана тренерка, но неговите ритуали му помогнаа да отстрани голем број мисли кои му задавале проблем за време на подготовките.

„Од секогаш ги носев САД на градите и секогаш сакав да изгледам совршено“ рече Луис.
Тренерите на спортистите ја знаат важноста на психологијата додека за време на физичките подготовки се додава доза на посветеност.

„Никогаш не би сакал да го деноминирам суеверието, но во исто време и не имам многу големо мислење за тоа. Ако спортистот мисли дека дека пропуштил нешто да напави во ритуалот, во тој случај тој е психолошки слаб“ изјави тренерот на англиската рагби репрезентација, Клај Вудворд.

Секој еден член на машката гимнастичарска репрезентација на Кина во вторникот носеше врзана црвена трака околу раката од храмот за среќа. Гимнастичарите освоија злато.
На крај, дополнителната сила може да дојде и од горе.

„Му оставам се на Бог. Слушам госпел музика секогаш кога сакам да се релаксирам и да го освежам умот.“ рече Триша Флорес, скокачка во далечина од Белизе.

Од друга страна пак, американскиот пливач Мајкл Фелпс кој и понатаму е на патот да освои рекордни осум златни медали во Пекинг, пред секоја трка носи слушалки на кои слуша хип-хоп музика.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *