Македонската женска јуниорска репрезентација во салата „Билјанини извори“ во Охрид, вечер со почеток во 21 часот против селекцијата на Австралија го почнува Светското првенство во ракомет, кое ќе трае до 3 август.
Македонската женска јуниорска репрезентација во салата „Билјанини извори“ во Охрид, вечер со почеток во 21 часот против селекцијата на Австралија го почнува Светското првенство во ракомет, кое ќе трае до 3 август.
Мундијалот на кој ќе настапат 20 репрезентации ќе се одржува во четири градови низ Република Македонија – Скопје, Охрид, Гевгелија и Виница.
Романија, Словенија, Унгарија, Германија и Исланд кои натпреварите по групи ќе ги одиграат во Скопје се учесничките во групата А. Во Гевгелија ќе одиграат репрезентациите од група Б – Данска, Црна Гора, Казахстан, Ангола и Јапонија. Македонската селекција како дел од групата Ц ќе настапува во Охрид.
Останатите репрезентации во групата се Кореја, Хрватска, Бразил и Австралија. Во последната Д група која ќе одигра во Виница се наоѓаат избраничките на Шпанија, Франција, Аргентина, кинески Тајпех и Алжир.
Македонската селекција на натпреварувањата ќе настапи со 16 ракометарки – голманите Елизабета Стојановиќ (Металург-Скопје), Фросина Крстевска (Еуростандард Ѓ.П.) и Наташа Антиќ (Кастратовиќ), како леви крила во македонскиот состав се Ива Стојковска (Еуростандард Ѓ.П.) и Цветанка Срњакова (Кабран А.).
На десните крилни позиции ќе настапат Симона Николовска (Кометал Ѓ.П.) и Симона Гроздановска (Кале Кичево). Пикери во македонскиот состав се Марија Серафимова и Кристина Илиоска од Металург Скопје. На левите бековски позиции ќе настапат Ивана Петковска (Кометал Ѓ.П.), Марија Когој (Универс 1) и Елена Димковска (Вардар Осигурување).
На средните бековски позиции во македонскиот состав се јуниорките Марија Штериова (Еуростандард Ѓ.П.), Белма Беба (Металург Скопје), а како десни бекови Елена Георгиевска (Кометал Ѓ.П.) и Анета Анчева (Кожувчанка).
Селектор и тренер на македонската репрезентација е Новко Георгиевски, а помошник тренер е Крсто Петрушевски. Македонска судиска двојка на мундијалот се Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.