Categories
Спорт

Стрелаштво со лак и стрела, олимписки спорт

Тринаесет пати како спортска дисциплина на Олимписките игри.

Стрелаштвото со лак и стрела е една од ретките спортски дисциплини на Олимписките игри. Досега само 13 пати се натпреварувале спортистите во оваа дисциплина. Се натпреваруваат екипно и поединечно во машка и женска конкуренција. Најдобри натпреварувачи се Хуберт Ван Инис од Белгија, Кимо Сон-Јунг од Јужна Кореа, Јун Ми Џин од Јужна Кореа.

На ОИ во Пекинг учествуваат 64 натпреварувачи во двете конкуренции. Тие на оддалеченост од 70 метри или 60 за жени со олимписки лак гаѓаат во мета со дијаметар од 122 цм, поделена на десет концентрични кругови, чија вредност од центарот опаѓа од 1-10, додека промашување на метата носи нула поени.

Првата фаза на натпреварувањето се одвива во 12 кругови од по шест обиди, после што најдобрите 32 продолжуваат понатака во елиминациите.

Овој спорт е на Олимписките игри од 1900-та година, но голем број на проблеми предизвика големиот број на различни правила, кои по правило ги одредуваше домаќинот на игрите.
Најуспешни нации се САД, Јужна Кореа, Bелгија и Франција. Американците најголемиот успех го направија во Сент Луис кога без надворешна конкуренција освоија 17 медали. Последниве три децении, Кореанците се доминантни во овој неверојатно интересен спорт.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *