Categories
Спорт

Стартува Охридскиот пливачки маратон

По дваесет и втори пат водите на Охридското езеро се разбрануваа од страна на најдобрите светски пливачки маратонци.

Охрид денеска по 22-ри пат e е домаќин на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија – Охридскиот пливачки маратон.
Учество на трката прија 26 пливачи од осум држави. Тие ќе пливаат на патеката „Климе Савин“ долга 30 километри од Свети Наум до градското пристаниште во Охрид.

Традиционалниот Охридски пливачки маратон, 6-ти по ред во Grand Prix 2008 серијата на Меѓународната пливачка федерација, се одржува под покровителство на Претседателот на Република Македонија.

На стартот на трката закажан за 12 часот маратонците ги поздрави градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, додека на целта ќе ги пречека покровителот на манифестацијата претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски кој ќе им ги врачи наградите на најдобрите.
Фаворити за триумф се минатогодишните победници Петар Стојчев од Бугарија и Шпанката Естер Нињез.

Најдобрите осум машки и женски пливачи покрај паричните награди во висна од 500 -15 000 американски долари, ќе добијат и пехари за прво место во машка и женска конкуренција, пехар за севкупниот победник на трката како и медали за останатите две места во двете конкуренции. Маратонот се организира според пропозициите на Меѓународната пливачка федерација.
Наградниот фонд за маратонот изнесува 25 илјади долари.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *