Categories
Спорт

Србија поразена во финалето на Светската лига

Одбојкарите на Србија загубија од САД во финалето на Светската лига.

Одбојкарите на Србија го освоија сребрениот медал на Светската лига, на завршниот турнир во Рио Деженеиро. Србија во финалето беше поразена од селекцијата на САД со резултат од 3:1, по сетови 26:24, 23:25, 25:23, 25:22. Ова претставува трето сребро за одбојкарите на Србија, кои второто место го освоија и во 2003 и 2005 година.

Пред финалниот натпревар Србија доби три натпревари и тоа без ниту еден изгубен сет, додека во првото коло ја победија и репрезентацијата на САД. Ова е првото злато за американците во Светската лига после два освоени бронзени медали.

Марко Подрашанин беше прогласен за најдобар блокер, додека Иван Миљковиќ по четврт пат беше надобриот поентер. Во конкуренција на смечери и сервери признанија добија Данте и Жиба од Бразил, американецот Ричард Ламбурн беше прогласен за најдобар слободен играч, а за најефикасен играч беше прогласен Лој Бол од САД кој воедно беше и најдобриот техничар.
За време на сите четири сетови се водеше голема борба, буквално за секој освоен поен и токму во таква борба, американците беа посмирени во одлучувачките моменти. Од друга страна пак, ни Србите играа онака како што играа на претходните натпревари. Имаше многу осцилации и пропусти во одбраната. Првото место и припадна на САд, втора беше Србија додека треторо место го освои репрезентацијата на Русија.
 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *