Categories
Спорт

Селман Реџеп заминува на Олимписките игри

Ни охридскиот градоначалник не можеше да го сокрие задоволството што Охрид ќе има свој претставник на Олимписките игри во Пекинг.

Охридскиот атлетичар Селман Реџеп денес беше примен од градоначалникот на Општина Охрид, Александар Петрески. Градоначалникот не го криеше задоволството што Охрид ќе има свој претставник на летната олимпијада во Пекинг која започнува наредниов месец.

Селман во кабинетот на градоначалникот пристигна заедно со својот тренер Влатко Димитров  на кого му е најблагодарен за постигнатиот успех. Димитров  за  својот ученик кажа дека е голем талент, но и сериозен спортист кој своето слободно  време целосно и го посветува на атлетиката. Тој додаде дека за да се постигнат врвни резултатаи треба напорно да се тренира од најмали нозе. Петрески се обврза дека општината и понатаму ќе помага и ќе ги подржува талентираните деца, а во училиштата ќе створи дополнителни услови за работа

На крајот од средбата Петрески му посака голем успех на селман и неговиот тренер во пекинг и им подари спортска опрема со логото на охрид, а тие се обврзаа дека ќе се вратат со добар резултат.
 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *