Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни најверојатно нема да биде подготвен за почетокот на сезоната откако на подготовките во Нигерија закачи вирус.

На турнејата, момчињата од Јунајтед одиграа четири натпревари меѓу кои еден и против Портсмут, но тоа скапо ги чинеше. Менаџерот, Сер Алекс фергусон за „Скај спорт“ изјави дека се сомнева оти Јунајтед може да смета на учеството на Руни на почетокот на сезоната. Што се однесува до вирусот кој Руни го закачил во Нигерија, бил прилично опасен и уште неколку луѓе го имале. Сепак, Фергусон демантираше дека станува збор за Маларија.

Ова е дополнителна фрустрација за Руни, бидејќи и минатата сезона тој ја започна со пауза поради повредата. Ова ќе биде тежок почеток за Јунајтед бидејќи покрај проблемот со Руни, почнуваат и без бекот Кристијано Роналдо. Роналдо, поради операцијата на зглобот ке излезе на теренот дури во Октомври. Со суспензијата на Нани и учеството на Андерсон на Олимпијадата, Фергусон е убеден дека неспремни ќе ја започнат оваа сезона во Премиер лигата.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: