Роналдо на помош кај Адријано

Бразилскиот фудбалски ас Роналдо изјави дека сака да му помогне на својот сонародник фудбалерот на Интер Адријано да ја надмине кризата поради која одлучи привремено да ја прекине кариерата.

 |  Крсте Голабовски  | 
Adriano
Адриано

Бразилскиот фудбалски ас Роналдо изјави дека сака да му помогне на својот сонародник фудбалерот на Интер Адријано да ја надмине кризата поради која одлучи привремено да ја прекине кариерата.

– Ова за Адријано е исклучително тежок период и ќе направам се што е во моја моќ за да му помогнам да го помине. Сакам да зборувам со него насамо, без присуство на оние кои само сакаат да го осудуваат, рече Роналдо.
Тој истакна дека длабоко ги преживува моментите низ кои поминува Адријано.

Adriano– Потребно е луѓето прво да бидат критични кон себе, пред да се одлучат да критикуваат некој друг, посочи Роналдо.

Бразилскиот напаѓач минатата недела по завршувањето на обврските кон репрезентацијата, не се врати во Италија, а медиумите во Бразил како причина за тоа ја наведуваат депресијата и несреќната љубов.
Адријано вчера на прес-конференција рече дека привремено ќе ја прекине играчката кариера бидејќи „повеќе не чувствува задоволство во играта“.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top