Categories
Спорт

Калдерон: “Рафо, не бери гајле, Роналдо е наш!“

Тениското чудо, Рафаел Надал покрај освојувањето на Вимблдон има уште една причина за славење.

Тениското чудо, Рафаел Надал покрај освојувањето на Вимблдон има уште една причина за славење. Претседателот на Реал Мадрид, Рамон Калдерон му ја открил тајната дека Кристијано Роналдо ќе потпише за клубот чиј страствен навивач е и самиот Надал.

По големата победа на турнирот во Вимблдон, тие двајца разговарале и на прашањето на Рафаел Надал: “Па добро претседателе, што ќе биде со Роналдо, ќе потпише за нас?“, Калдерон одговорил: “Не бери гајле, се е под контрола, сигурно потпишува за нас!“.

Реал е подготвен на Манчестер да му исплати обештетување од 85 милиони евра, и доколку португалецот се пресели во Мадрид тоа ќе биде највисок трансфер во фудбалската историја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *