Во сабота, на 19.07.2008 година, во водите на Охридското езеро ќе се одржи дваесет и вториот  Меѓународен Охридски Пливачки Маратон.

Традиционалниот Охридски пливачки маратон, 6-ти по ред во Grand Prix 2008 серијата на Меѓународната пливачка федерација, се одржува под покровителство на Претседателот на Република Македонија. На патеката „Климе Савин“ од Св. Наум до Охрид, во должина од 30 км. во сабота ќе се натпреваруваат вкупно 27 пливачи од 7 земји во светот. 19 во машка и 8 во женска конкуренција.

На маратонот ќе се натпреваруваат претставници покрај од Македонија, од Србија, Бугарија, Италија, Аргентина, Шпанија и Холандија. Осум пливачи ќе ги бранат боите на Македонија и тоа само во машка конкуренција додека во женска наша претставничка нема да има.

Трката започнува утре во 12 часот, директор на трката е Сашо Точков, додека врховен судија е Соња Думбалова Делова. Вкупниот број на судии е тринаесет и ќе бидат распоредени во три судиски бродови. Стартер на трката е градоначалникот на општина Охрид, господинот Александар Петрески, а ќе присуствуваат и двајца претставници на ФИНА господинот Валериус Беловас и делегатот за допинг контрола, Аиде Либус.

Најдобрите осум машки и женски пливачи покрај паричните награди во висна од 500 -15 000 американски долари, ќе добијат и пехари за прво место во машка и женска конкуренција, пехар за севкупниот победник на трката како и медали за останатите две места во двете конкуренции. Маратонот се организира според пропозициите на Меѓународната пливачка федерација.
 

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: