Categories
Спорт

Пола Ретклиф е подготвена за Олимписките игри

Пола Ретклиф се надева дека ќе се трка на претстојниве Олимписки игри и покрај фрактурата на фемурот.

Ретклиф, која го држи светскиот рекорд на маратонот, а никогаш не освоила олимписки медал изјави дека се подготвува полека. Таа додаде дека се чувствува супер и дека со нетрпение ги очекува Олимписките игри. Британката Ретклиф која има 34 години победи на светскиот шампионат во 2005-та година, но не успеа да ја заврши трката на Олимписките игри во Атина.

Докторите изјавија дека поради скршеницата на нејзиниот лев фемур, (бутна коска), невозможно ќе биде таа да се натпреварува во Пекинг, но маратонката ги демантира овие гласини изјавувавјки дека нејзиниот интензивен тренинг со крос кантри трчањето ја довело во посакуваната форма и дека не се откажува.
Ова е пример за еден вистински спортист, кој го оправдува постоењето на Олимписките игри.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *