Пофалби за Лазаров

Нашиот најдобар ракометар, Кире Лазаров, беше најзаслужен што екипата на Атлетико Мадрид остана непоразена и по седум кола во ракометната Лига на шампионите.

 |   | 
Lazarov
lazarov

Нашиот најдобар ракометар, Кире Лазаров, беше најзаслужен што екипата на Атлетико Мадрид остана непоразена и по седум кола во ракометната Лига на шампионите. Шпанскиот тим, предводен од седумте гола на Лазаров, од кој последниот во завршницата од мечот, успеа да одигра нерешено на гостувањето кај Чековски Медведи, 29-29.

„Лазаров го награди големиот карактер на Атлетико“, стои во насловот на шпанска „Марка“. Тимот од Мадрид имал негатива и од шест погодоци во текот на второто полувреме, но благодарение најмногу на нашиот репрезентативец, успеале да извлечат бод против силниот руски претставник. Сега, Атлетико е прв во групата Б со 12 бода, четири повеќе од второпласираниот Веспрем. Нашиот шампион Металург во сабота од 18 часот го игра натпреварот од седмото коло во групата Ц против Санкт Петербург и со евентуална победа ќе обезбеди пласман во вториот круг од Лигата на шампионите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top