Почна судењето на Еклстон поради корупција

Му се заканува казна затвор од 10 години

 |  инфодеск  | 

Уверен сум во позитивен исход, сонцето сјае“, порачал 83 годишниот Берни Еклстон, насмеан влегувајќи во судницата, облечен во темен елегантен костум, бела кошула и темна кравата.

На Еклстон му се заканува 10 годишна казна затвор доколку се прогласи за виновен за давање 44 милиони долари мито, помеѓу 2006 и 2007 година, на германскиот банкар Герхард Грибковски, еден од директорите на Bayerische Landesbank (BLB).

Берни Еклстон се терети дека го подмитил Грибковски за продажба на комерцијалните права за Формула1.

Грибковски требало, како што тврдат обвинителите, да се потруди делот од BLB во Ф1, која управува со телевизиските права за пренос на трките, за време на продажбата во 2006 година замине во рацете на инвестициската компанија CVC, која била по избор на Еклстон.

Судот во Германија го најави процесот против Еклстон во мај минатата година, а истрагата против него е покрената и во Швајцарија во октомври.

Во текот на судењето, Грибковски потврдил дека примил мито од Еклстон. Тој во 2012 е осуден на осум години и шест месеци затвор поради корупција и фискална измама.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top