Categories
Спорт

Пол Пирс приведен со лисици на рацете

НБА ѕвездата Пол Пирс приведен е во полициската станица во Лас Вегас.

Најкорисниот играч на годинешното НБА финале, кошаркарот на Бостон Селтикс, Пол Пирс заради агресивно однесување за време на сообраќајниот застој во Лас Вегас е приведен во полциската станица.

Началникот на станицата Бил Касел, на новинарите не знаеше да им ги објасни причините заради кои полицијата му ставила лисици на рацете на НБА ѕвездата и го сместила зад решетки, но додаде дека тоа е стандардна процедура кога некој ја загрозува општата безбедност и дека требале само 15 минути за Пол Пирс да се смири и лисиците да бидат отстранети од неговите раце. Врз Пирс бил извршен и алко-тест кој покажал дека кошаркарот нема во својата крв алкохол повеќе од дозволената граница. Касел за крај изјавил дека нема да поведат судска постапка против Пол Пирс и дека понекогаш е доволна и усна опомена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *