Пандев го кажа судбоносното „да“

Македонскиот најдобар фудбалер вчера ја круниса својата долгогодишна врска со Надиџа Аџискерлева и најави син.

 |  Голабовски Крсте  | 
Пандев и Надица
Pandev i Nadica

Македонскиот најдобар фудбалер вчера ја круниса својата долгогодишна врска со Надиџа Аџискерлева и најави син. Во меѓувреме, им испрати и писмо на навивачите на Лацио.

Goran PandevГоран Пандев и неговата долгогодишна девојка Надица Аџискерлева го кажаа судбоносното ’да’ во родната Струмица. Рекоа дека им е најсреќниот ден во животот, а на прашањето кога ќе биде свадбата, Пандев одговори: „Прво син, па свадба“.

Пандев по судската пресуда веќе нема обврски со Лацио, а додека се чека неговиот премин во Интер, кој најверојатно ќе биде веднаш на почетокот на следната година, им испрати и писмо на навивачите на својот доскорашен клуб.

„Изминативе неколку месеци ме научија колку само опасни можат да бидат лагите. Не сакам да кажувам некои убави зборови сега кога си заминувам. Тоа беше моја намера уште кога пристигнав тука во Формело.“

„Она што ќе го кажам може да навреди некој. Од 2010 јас ќе бидам ваш противник. Ќе се радувам и ќе се гушкам со моите соиграчи, но со друг дрес, различен од оној ’небесно синиот’.

„Ќе се обидам да бидам барем исто среќен како што бев во првите 4 години во Рим. Многу пати во овие години размислував да останам засекогаш во Лацио, но за несреќа тоа не беше возможно. Сепак тоа е фудбалот.“

„Навистина ме боли што морам на овој начин да заминам од клубот. Сакав да ги дриблам дефанзивците, а не да победувам во судница. Да бидам фудбалер.“

„Не требаше ова да се заврши вака, но работите излегоа од контрола. Ариведерчи Рим и Среќна нова година Лацио“, заврши на крај Гоче во писмото кое го објави Ил Масаџеро.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top