Пандев во Интер

Менаџерот на Интер, Хозе Мурињо, потврди дека е заинтересиран за нашиот репрезентативец. Доколку не се најде во моментов заеднички договор со Лацио, тогаш Пандев од 1. јануари 2010 се сели во Милано.

 |  Крсте Голабовски  | 
Goran pandev
Горан Пандев

Менаџерот на Интер, Хозе Мурињо, потврди дека е заинтересиран за нашиот репрезентативец. Доколку не се најде во моментов заеднички договор со Лацио, тогаш Пандев од 1. јануари 2010 се сели во Милано
Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, по бурното “трансфер-лето” за него според последните најави денеска конечно треба да го има својот нов клуб.

logoИталијанскиот шампион Интер е почесто изминативе денови меѓу најавуваните нови дестинации на нашиот репрезентативец откако и нивниот менаџер, Хозе Мурињо, отворено ја потврди заинтересираноста.
“Пандев? Ми се допаѓа, но нашиот тим и така е фантастичен”, истакна Мурињо.

Согласно информациите, Интер посакува да склучи договор за враќање во своите редови на Пандев веднаш меѓутоа сето тоа се очекуваше да биде одлучено доцна синоќа низ преговорите со претседателот на Лацио, Клаудио Лотито. Доколку не се најде договор со Лацио, Пандев ќе потпише преддоговор за преселба во Милано од 1. јануари 2010 година, иако синоќа дефинитивно се очекуваше да биде официјализиран новиот голем трансфер на нашиот најдобар фудбалер.
Руски Зенит повторно, на крајот од преодниот рок низ последните трансфер часови, го засили притисокот за ангажман на нашиот феномен. Како и да е, според најавите Лацио во секој случај ќе мора да одлучи. Од Италија следеше и информацијата дека најдоцна до 19 часот низ текот на денешниот ден Горан Пандев ќе го има името на својот нов клуб, за што индиректно потврди и македонскиот селектор Мирсад Јонуз.

“Поволен момент за нас е што Пандев ме информираше дека денеска потпишува за голем европски клуб и што на репрезентативниот собир во Охрид ќе допатува растоварен од проблемите кои ги имаше со Лацио”, изјави Јонуз.
Името на Горан Пандев, како што е познато, претходно беше поврзувано и со Јувентус, Арсенал, Лион, Фиорентина и Баерн Минхен.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top