Categories
Спорт

Охриѓанец на Мон Блан

Охриѓанецот Мишко Танески се искачи на највисокиот европски врв, Мон Блан.

Идејата која овој млад планинар ја имаше една година успеа да ја реализира и со тоа да стане вториот охриѓанец кој се искачи на покривот на Европа. Заедно со уште тројца македонски планинари како дел од планинарското друштво „Победа“ од Белград Република Србија, Мишко Танески се искачи на покривот на Европа. На самата експедиција и предстоеа подготовки кои овој планинар ги имаше на планинските врвови во Македонија. Самиот потфат се состоеше од три етапи.

Првата етапа беше освојување на врвот Гринтовац, Република Словенија со висина од 2554 метри кој во многу тешки услови беше освоен. Наредната, втора аклиматизациона етапа беше освојување на врвот Брајтхон, Швајцарија со висина од 4185 метри, етапа во која голем дел од алпинистите се откажаа. И последната третата етапа, искачувањето на Мон Блан.

Охридскиот планинар истакна дека иако за освојување на покривот на Европа ги послужиле временските прилики, сепак подвигот воопшто не бил лесен. Имено за освојување на Мон Блан постојат пет рути, од кои повеќето се алпинистички, а експедицијата во која беше и Мишко се движела по планинарска рута која е една од полесните, но во никој случај не е за потценување. Амбициите на овој охридски планинар секако дека со ова не престануваат.

Дека слух за спортот во нашиов град сеуште се има, зборува и фактот дека за овој потфат на Мишко му помогнаа голем број физички и правни лица, како Локалната Самоуправа на Охрид, агенцијата „Виспој“, автосалонот „Јолекс“ оболжувалницте „Премиер“, секако телевизијата „ТВМ“ и други. Се надеваме дека и во иднина во нашиов град ќе продолжи тенденцијата за помагање на младите спортисти чии потфати и достигнувања зборуваат сами за себе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *