На интернационаланиот карате турнир “Солидарност – опен” кој вчера се одржа во Скопје, охридските млади каратисти освоија три медали. На овој интернационален турнир во традиционално карате, учествуваа 60 клуба и околу 600 натпреварувачи од Македонија, Албанија, Србија, Косово и Црна Гора. Членовите на охридскиот карате клуб “ Карате Доџо Самурај ” се вратија дома со освоени медали во категоријата изведување кати.

 

 

 

Петар Јовчевски роден 2000 година, го освои сребрениот медал.
Петар Јолаковски роден 1996 година,го освои бронзениот медал.
Моника Кескоска родена 1994 година, го освои бронзениот медал.
Продолжуваат успесите на младите каратисти од овој клуб на кои што треба да внимаваме во иднина.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: