Нашиов град ќе биде домаќин на уште една регата. Овој пат во водите на Охридското езеро ќе ги видиме најдобрите веслачи од неколку балкански земји како и од Македонија. Нашиов град ќе биде домаќин на уште една регата. Овој пат во водите на Охридското езеро ќе ги видиме најдобрите веслачи од неколку балкански земји како и од Македонија.
Во организација на веслачкиот клуб „Југ“ на 10.08.2008 година во водите на Охридското езеро ќе се случи Меѓународната илинденска веслачка регата.
На регатата ќе земат учество неколку клубови од земјва како и веслачки клубови од земјите од регионов. Ќе можеме да ги видиме веслачите од В.К. „Палиќ“ од Суботица, В.К. „Бегеј“ од Зрењанин од Република Србија, потоа веслачките клубови „Тракија“ од Пловдив и „ЦСК“ од Софија, Република Бугарија како и нашите представници од веслачките клубови „Црн Дрим“ од Струга, “Дебар“ од Дебар и домаќинот на манифестацијата В.К. „Југ“ од Охрид.
Бројот на учесниците на регата е седумдесет веслачи и веслачки кои ќе ги одмерат силите во дисциплините „Скиф “ и „Дублскул“ и тоа во, пионерска, кадетска, јуниорска и сениорска категорија.
Стартот на регатата е 08:30 минути од Градското пристаниште во Охрид.