Categories
Спорт

Непознати спортови на Олимписките игри

Трамболина како помалку познат олимписки спорт.

Трамболината е олимписки спорт на кој ова му е трето претставување на Олимписките игри. Првиот пат 2000 година потоа 2004 година. О овој спорт се натпреваруваат мажи и жени поединечно. Најдобри учесници досега се Александар Москаленко од Русија со освоено злато и средбро, Карен Кокбурн од Канада, со освоено злато и сребро.
Основни правила на трамболината. Трамболината е една од трите гранки на гимнастиката која е застапена на Олимписките игри. Како и во гимнастиката, натпреварувачите добиваат оценки од 1-10. Има седум судии од кои двајца ја оценуваат тежината, а пет изведбата.Највисоката и најниската оценка за изведбата не се земаат во предвид, а останатите три се собираат заедно со оценките за тежина. Ако резултатот е изедначен се вклучуваат и двете отфрлени оценки.

Во секоја вежба постојат четири основни елементи.

1.    Доскок на грб или на предниот дел од телото.
2.    Салто или дупло салто со завртување од најмалку 450 степени, елемент уште наречен Рудолф.
3.    Дупло салто напред или назад, со или без вртење.
4.    Дупло салто напред или назад, со вртење од најмалку од 360 степени или наречен Флифи.

Трамболината настанала на основа на идејата на циркускиот уметник Де Трамполин кој кон крајот на 18 век, сватил дека сигурносната мреже која ги обезбедува уметниците за време на настпаот може и самата да послужи за скокање. Набрзо после тоа осмислени се атрактивни програми во кои се вклучени прескок на голем број циркуски животни.
Од 1964 година редовно се одржуваат светски првенства, а истата година седум национални сојузи ја формираа Светската федерација. Во 1999 оваа федерација стана составен дел на Меѓународната гимнастичарска федерација. Трамболината претставува олимписки спорт на кој ова му е трето претставување на Олимписките игри. Првиот пат 2000 година потоа 2004 година. Русите, канаѓаните германците и американците досега се покажале како најуспешни.
 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *