Categories
Спорт

Рафаел Надал, победник на Мaстерс турнирот во Торонто

Рафаел Надал ја освои својата седма титула во 2008 година.

 

Рафаел Надал ја освои својата седма титула во 2008 година инаку петта едноподруго. Ова следува после легендарниот меч од пет сета во финалето на турнирот во Вимблдон против рекетот број еден Роже Федерер. Инаку сега на АТП листата Федерер води со само 300 поени пред надал и никогаш како сега шпанецот не бил поблиску до титулата тенисер број еден во светот.

Во многу релаксиран натпревар во кој Кифер не пружи кој знае каков отпор, Надал со брејкот во првиот сет ја најави и својата победа на турнирот. Вториот сет донесе едно изедначување по гемови но, отпорт на Кифер беше брзо скршен.
Надал стана третиот најмлад играч во историјата со 30 победи после Бјорн Борг и Џими Кнорс.
Победникот на Вимблдон сега е сконцентриран на мастерсот во Синсинати, САД кое започнува денес, а претставува увертира за младиот шпанец за отвореното тенсико првенство на САД во Септември.

Досега Надал триумфира на трунирите во Хамбург, Роланд гарос, Вимблдон, Квинс клуб има загубено само еден турнир и тоа на седми Мај годинава, кога Фереро го совлада на Мастерсот во Рим.

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *