Домаќинот Шпанија со 15:5 (5:2, 2:1, 4:1, 4:1) славеше против нашата репрезентација во натпреварот за седмо место. Домаќините беа надмоќни во текот на целиот натпревар, недозволувајќи им на “Сонцата“ резултатски да се доближат. “Можеби ќе беше подобро воопшто да не го игравме денешниот натпревар“ изјави капитенот Сашко Попоски. “На играчите од нашиот тим ништо не им поаѓаше од рака, додека противникот одигра еден одличен натпревар“ додаде тој. Небојша Милиќ постигна два гола, а кај шпанците најефикасен беше Фелипе Перон со 4 погодоци.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: