Categories
Спорт

„Милан“ се откажа од ловот на Адебајор

Раководството на фудбалскиот клуб „Милан“ се откажа од ловот на Имануел Адебајор од „Арсенал“ и Андреј Шевченко од „Челзи“.

Раководството на фудбалскиот клуб „Милан“ се откажа од ловот на Имануел Адебајор од „Арсенал“ и Андреј Шевченко од „Челзи“, останува само трансферот што го направија со Роналдињо од „Барса“.

Името на Адебајор, исто така беше поврзувано со „Барса“, додека Шевченко се очекува да остане на англиска почва и покрај натегањата со неговиот поранешен клуб, „Милан“.
Росоњерите  беа еден од неколкуте клубови кои се доведуваа во врска со голгетерот Дидие Дрогба, но до формална и официјална понуда сеуште не дојде.

Шопингот кој го направи „Милан“ заврши со купувањето на Роналдињо, за кој Росоњерите се покажаа со 21 милион евра плус останати трошоци. Генералниот менаџер, Адриано Галиани изјави дека што се однесува до трансферите, со купувањето на Роналдињо, завршено е се.

Тој додаде дека хрватскиот одбранбен играч Дарио Симиќ и Алберто Палоши можно е да се продадат. Адебајор кој минатава сезона постигна 30 голови сака да го напушти „Арсенал“ свесен дека може трикратно да го зголеми својот хонорар и да достигне фантастични 100 000 фунти неделно. Шевченко се обидува да се нагоди одкако заигра за „Челзи“ пред две сезони, но неговиот нов газда Луиз Фелипе Сколари, го бодри украинецот да не се откажува од Стемфорд Бриџ.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *