Во организација на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ , а под покровителство на Советот на Општина Охрид, на 02.08. 2008 година на патеката „Горица-Охрид“ во должина од два и пол километри, ќе се одржи дваесет и деветтиот „Илинденски пливачки маратон“.
На патеката долга 2,5 километри  од Горица до Охрид ќе се појават 70 пливачи, од кои 59 се од Македонија, а 11 од пет клубови од странство.  Ќе се плива во две категории:

-пливачи до 16 години
-пливачи постари од 16 години

Предвидено е да се стартува два пати и тоа и двата пати од пред хотелот „Парк“.

-првиот старт во 17 00 часот
-вториот старт во 17 30 часот

Причината за двете стартувања е таа што првата категорија натпреварувачи пливаат втори додека маратонот ќе го отворат пливачите постари од шеснаесет години.
Натпреварувачите се очекува да пристигнат на охридското пристаниште после 17:30 часот.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: