Categories
Спорт

Македонските маратонци солидни во Шабац

Во пресрет на Охридскиот пливачки маратон, македонските маратонци на маратонот во Шабац постигнаа солидни резултати.

Вчера заврши триесет и деветитот Шабачки пливачки маратон на кој нашите маратонци постигнаа солидни резултати. На него учествуваа 26 машки и 18 женски натпреварувачи.
Деветнаесет километри долгата патека од селото Јарак па се до градот Шабац, низводно реката Сава прв ја исплива австралијанецот Брендан Капел, за време од 2 часа 39 минути 57 секунди, додека втор беше Стефан Гомез од Франција со резултат од 2 часа, 41 минута и 23 секунди. Третото место го освои русинот Данил Сребрењиков.

Во женска конкуренција првите две места им припаднаа на русинките Ана Уварова и Катарина Жданова.

Македонскиот маратонец Томи Стефановски го освои дванаесеттото место додека Никола Кутаноски го освои дваесетичетвртото место.

Натпреварувачите пливаа во крајно неполволни услови за маратонско пливање, со температура на водата од 26 степени целзиусови, низок водостој и тепих од алги на површината. Инаку овој маратон во календарот на Светската пливвачка федерација се наоѓа од 1984 година, за да во 2003 година влезе во рамките на Светскиот куп, а од 2007 година стане еден од десетте најодбро организирани маратони со ознаката Гран При 10.
За нашите маратонци ова ќе биде увертира за Охридскиот пливачки маратон оваа сабота.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *