Categories
Спорт

Македонските каратисти, на Светското првенство во Полска во првото коло со медал

На Светското првенство во Вроцлав, Полска, македонскиот каратист, Сашо Патраклиев го освои бронзениот медал.

На првиот ден од шестото Светско универзитетско карате првенство во полскиот град Вроцлав, Сашко Патраклиев од Македонската карате репрезентација го освои бронзениот медал во категоријата – 70 кг. со 4 победи и 1 пораз. Во првото коло Патраклиев го победи репрезентативецот на Швајцарија со 5:0. Во второ коло победи со 6:1 против германскиот претставник, а во третото коло извојува победа врз Французинот 1:0. Македонскиот репрезентативец загуби од претставникот на Јапонија со 0:2, за да веќе во петтото коло го победи репрезентативецот на Словачка со 1:0, со што го освои бронзениот медал.
Ферат Корбулики во категорија -75 кг. го освои седмото место, а Жарко Арсовски во категорија +70 кг. го освои седмото место.

Во денешните натпревари македонската карате репрезентација очекува успеси од Наташа Илиевска во категорија -53 кг и во апсолутна категорија, Богдан Мицов во категорија – 65 кг мажи.

Селекторот Бошко Заборски очекува добар пласман во екипните натпревари, особено во кати екипно жени и кај мажите екипно борби.
На Светско Универзитетско првенство во Вроцлав учествуваат 48 држави.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *