Categories
Спорт

Мајкл Фелпс, со третото злато ја пишува историјата

Американскиот пливач Мајкл Фелпс, во дисциплината 200 м. Слободно освои уште еден златен медал и собори светски рекорд.

Американскиот пливач Мајкл Фелпс, во дисциплината 200 м. Слободно освои уште еден златен медал и собори светски рекорд.

Фелпс патеката ја преплива за една минута 42 секунди и 96 стотинки, за цели девет десетинки побрзо од светскиот рекорд и речиси за две секунди побрзо од својот најголем ривал. На второто место се најде кореанецот Тае Хван Парк, кој освои злато на 400 м, додека на третото место се најде американецот Питер Вендекеј. Од самиот старт Фелпс започна со неверојатен ритам, убедливо водеше на првото завртување, додека до половина на патеката имаше предност од цела должина. Така тој за два дена стигна до злато во две дисциплини, во кои потфрли во Атина, кога на 4×100 слободно и на 200 метри освои бронзен медал.

Со оваа победа Фелпс го освои третото злато, заедно со три светски рекорди и вкупно девето олимписко злато, па со следното злато кое што ќе го освои ќе стане еден од најтрофејните олимпијци на сите времиња. До сега само на четири спортисти им успеало да освојат по девет олимписки злата и тоа: Марк Шпиц, чии што седум злата на едни Олимписки игри е рекордот кој сега Мајкл Фелпс го брка, Паво Нурми, Лариса Латинина и Карл Луис, додека со шест трофеи од Атина и три од Пекинг, Фелпс ги стигна. Доколку ја оствари својата цел и освои осум златни медали во пекинг, до крајот на Олимписките игри ќе има 14 златни медали. Латинина има вкупно 18 златни медали, што секако нема да може да се достигне на овие Олимписки игри, но Фелпс би можел да го стигне Николај Андријанов, кој е маж со најголем број на медали.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *