Categories
Спорт

Луксузот во Пекинг, недоволен за Роже Федерер

Швајцарскиот тенисер Роже Федерер кој ќе учествува на Олимписките игри во Пекинг е сместен во луксузен хотел со пет ѕвезди, а не во Олимпиското село заедно со останатите натпреварувачи. Швајцарскиот тенисер Роже Федерер кој ќе учествува на Олимписките игри во Пекинг е сместен во луксузен хотел со пет ѕвезди, а не во Олимпиското село заедно со останатите натпреварувачи, бидејќи во селото спортистите постојано му барале автограми и го терале да се фотографира со нив.

Тој третпат учествува на Олимписки игри. На летните игри во Сиднеј и Атина, како и поголемиот дел од спортистите беше сместен во Олимпиското село. Федерер вели дека останатите натпреварувачи од другите спортови се однесувале како сите навивачи.

„За мене е невозможно да престојувам во селото, бидејќи многу спортисти од мене бараат да се фотографирам со нив или нешто слично. Тоа не е баш идеален начин да се подготвам за настап“, изјави Федерер, кој на 18 август ќе му ја препушти етикетата најдобар тенисер на светот на Шпанецот Рафаел Надал.

Федерер на свеченото отворање на Олимписките игри утре, на неговиот 27. роденден, ќе го носи швајцарското знаме.
„Секако дека во текот на игрите ќе дојдам во селото да ги посетам останатите швајцарски спортисти“, додаде Федерер.

Во 1-то коло во поединечна конкуренција Роже ќе игра против Русинот Димитри Турсунов. Во игрите по парови Швајцарецот ќе настапи со Станислав Вавринком, а противници на стартот ќе им бидат Италијанците Болели и Сепи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *